Map Graph

Старо Село (Фалише)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Старо Село — археолошко наоѓалиште во тетовското село Фалише. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м југоисточно од селото, каде од обете страни на патот за селото Стримница, по површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.

Read article